Утрински Весник
Свет

Трамп ќе потпише повеќе од 200 извршни наредби

Donald Tramp.jpeg

Доналд Трамп по денешната инаугурацијата ќе потпише повеќе од 200 извршни мерки, вклучително извршни наредби, што се правно обврзувачки и други директиви, како прокламации, што не се правно обврзувачки.

Извршната наредба е писмена наредба издадена од претседателот до федералната влада за која не е потребно одобрение од Конгресот. Тоа е еден начин на кој претседателите можат да спроведат промени во политиките без да мораат законодавците да гласаат за нив.


Сепак, извршните наредби мора да бидат во согласност со законот и може да бидат предмет на правен преглед.

Трамп потпиша 220 извршни наредби за време на неговиот прв мандат, од кои некои беа оспорени пред судовите.

Бајден издаде 160 извршни наредби, додека Барак Обама и Џорџ Буш, кои служеа два последователни мандати, издадоа 277 и 291 наредба

Можете да прочитате

Се шири нов опасен Тикток-предизвик со злоупотреба на парацетамол, Бугарија веќе издаде предупредување

Украина заробила повеќе од 900 руски војници за време на операцијата во Курск

Западни весници со коментари по објавата на Трамп за Газа