Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Наместо да бега од одговор, Мицкоски да каже што одлучи, ЕУ блок или Левица

Мицкоски: Дали дел од парите за месечни плати од 36.500 евра за специјалистите за автопатиштата ќе завршат во некои приватни џебови?

Христијан Мицкоски продолжува со својата пракса да нема став за секое прашање што е од национална важност, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

„Со недели Мицкоски не дава одговор и не им кажува на граѓаните што одлучи, дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане изолиран со Димитар Апасиев во антиевропскиот блок.

Наместо тоа Мицкоски како по обичај реши да пласира нови лаги, нови небулози со кои се обидува да ја лаже македонската јавност.

Лагите што тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ ги шират одново ќе бидат демантирани пред јавноста и ќе пропаднат како и сите претходни,

Мицкоски треба да знае дека блокада на европскиот пат освен што значи загрозување на иднината на земјата, на меѓународните позиии на државата, негативно ќе влијае и на односите со САД.

Но на крајот, сите негови деструктивни обиди повторно ќе бидат поразени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Потребна е итна санација на патот во Галичник откако падна потпорен ѕид пред недела дена

УЈП: Фискалните каси да имаат точни адресни податоци и редовно да се одржуваат во овластени сервисери

ЕСМ: Пустошот што го остави СДСМ во РЕК Битола не е можно да се надмине преку ноќ