Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Младите се за ЕУ, а не за изолација која ја нудат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ: Младите се за ЕУ, а не за изолација која ја нудат Мицкоски и ДПМНЕ

„Младите се за ЕУ, изолацијата, која ја нудат Христијан Мицкоски и ДПМНЕ е неприфатлива. Таа води во нови бранови иселувања на младите, економско уназадување, неизвесност и бесперспективност“, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Македонски млади немаат време за губење, немаат нови 11 години да ги потрошат.

Со членството во ЕУ младите добиваат огромен број можности за подобро образование, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард и подобри услуги.

Младите нема да дозволат да бидат жртва на политичари без став, без визија, кои освен својата фотелја во белиот дворец и желбата за власт по секоја цена, не им мислат ништо добро“, се додава во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Апасиев до Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Средба на министерот Муцунски со државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Хисајуки Фуџии

Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведено едно лице, пронајдена дрога