Утрински Весник
Македонија

Крадел по куќи и убил 78годишна жена, уапсен 25годишен маж

Apsenjemvr.jpg

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од слобода Т.Б.(25) од с.Малотино, општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело по член 123 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека на 12.02.2026 во нејзиниот дом физички ја нападнал и задушил со перница М.С.(78) од село Челопек, општина Старо Нагоричане, по што таа починала на местото. Исто така, тој се сомничи дека извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ во повеќе села на подрачјето на општина Старо Нагоричане.

Известен е јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ со устата полна со Европа, а со рацете длабоко во европските фондови

Мицоски: Наскоро ќе се знае кој го наредил ова во Гостивар, одговорност ќе има

Малолетен возач на тротинет повреден во сообраќајка во Тетово