Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мизрахи и ДПМНЕ се фатени со криење документи за Онкологија, обвинителството да постапи

Simona Sdsm 2.jpeg

Интегрален текст од зјава за медиуми, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор:

Рашела Мизрахи и ДПМНЕ се фатени во голем скандал, како ги лажеле македонските граѓани за Онкологија, како криеле извештаи за политички поенти.


Откако јавноста ја дозна вистината и ги виде документите што претседателот на СДСМ Венко Филипче ги презентираше, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од одговроност. Наместо да ги признаат сопствените лаги и да се извинат, повторно гледаме обиди за нови манипулациии.

Фактите се јасни:

Документите потврдуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле.

Шестмесечните извештаи постоеле и биле подготвувани.

ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи свесно манипулирале со јавноста тврдејќи спротивно.

Вистината не може да се сокрие. Врз маката на пациентите на Онкологија ДПМНЕ терала политиканство, без грам човечност и лажела на големо.

Додека Филипче со факти ја расчистува сликата и помага во истрагата за Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да ја прикрие сопствената злоупотреба. СДСМ очекува оставка од Мизрахи и бара Обвинителството да покрене истрага зошто овие документи досега биле криени. Мора да има одговроност за овој голем скандал.

Истовремено, очекуваме целосната истрага за Онкологија да ја утврди одговорноста и сите инволвирани во скандалот да одговараат.

Можете да прочитате

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

Во Светиниколско регистрирани два пожари

Пожарот кој вчера избувна во Грчиште сѐ уште не е ставен под контрола – има четири критични точки