Утрински Весник
Економија

СДСМ: Минималната кошничка речиси 90.000 денари – власта има за авион и DJ, но нема за работникот! 

Sdsm sdsm logo.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Сојузот на синдикати ја направи септемвриската пресметка: синдикална минимална кошничка е скоро 90.000 денари. 


За еден месец порасна околу 800 денари. Храната и пијалоците се околу 25.000. 

Со кирија за стан од 60 квадрати – близу 90.000. 

Студент што изнајмува стан во град, со сметки и превоз, често не го затвора месецот ни со 95.000. 

Просечната плата не ја покрива кошницата. Минималната е далеку под животниот стандард.

Пензионерот живее уште потешко. Линеарните илјада денари не се  никаква политика. 

Тие се понижување. 

Земјоделецот плаќа поскапо гориво, машини и ѓубриво, додека продава поевтино. 

Субвенциите пресечени и намалени за 40 милиони евра. Зелената нафта доцни. Откупот е понижувачки. Помошта од Унијата стои затоа што Мицкоски ги затна реформите и го забави патот кон ЕУ. 

Доаѓа зима. Сметките за струја и греење уште не стигнале. Ќе стигнат.

Ова не е судбина. Ова е резултат. 

СДСМ бараше мерки на почеток на кризата: акциза на гориво да се укине, ДДВ на енергенси да се намали на 5 проценти, а минималната плата да изнесува 600 евра. 

Во време на најголемата криза со короната, почетокот на војната во Украина и големата енергетска криза, СДСМ даде над 2 милијарди помош за населението. Оваа екипа, со Мицкоски на чело, не даде ништо.

Не прифатија ништо. Горивото го пуштија да порасне до плафон. Со него порасна и лебот, превозот, нивата, киријата. Сега продаваат статистика. Статистиката не полни фрижидер.

Има за авион. Има за мебел. Има за луксуз. Нема за работникот. 

Човек што носи еден часовник од колекцијата од 60.000 евра и одело од пет или десет илјади, остава народот да гладува. 5,53 милиони за Дејвид Гета. 1,6 милиони да ја делат опозицијата. Провизија има. Плата нема.

Собранието да го усвои предлогот на СДСМ за минимална плата од 600 евра. Не како подарок. Како праг под кој државата не смее да дозволи граѓанинот да заработува. 

Без тоа оваа есен нема „стабилност”. Туку пресметка на организираната криминална група врз кошницата. 

Арамијата живее над неа. Народот во неа.

Можете да прочитате

Денеска можно ново поскапување на дизелот, РКЕ ја прави новата пресметка

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари – во Македонија стана невозможно да се живее

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари