Утрински Весник
Скопје

Отворен конкурсот за годишната награда „Феникс” за 2026 година

Whatsapp image 2026 09 21 at 09.04.22.jpeg

Општина Центар го објави конкурсот за доделување на годишната награда „Феникс” за 2026 година, признание кое се доделува на поединци, групи творци и правни лица за особени постигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на општината.

Наградата се доделува за значајни остварувања во областа на стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото.


„Во Центар има многу луѓе кои со својата работа, знаење, талент и посветеност оставаат трага и придонесуваат нашата општина да се развива и да се афирмира. Наградата „Феникс” е начин да им оддадеме признание на оние кои создаваат вредности и со своите постигнувања се пример и инспирација за другите. Ги повикувам граѓаните, институциите и организациите да предложат кандидати за кои сметаат дека заслужуваат нивниот труд да биде препознаен и вреднуван”, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Право да предлагаат кандидати имаат физички и правни лица со живеалиште, односно седиште на подрачјето на Општина Центар. Предлогот треба да биде образложен и потпишан од предлагачот, со приложена кратка биографија и документација со која се потврдуваат постигнувањата на кандидатот.

Конкурсот е отворен од 21 септември до 5 октомври 2026 година. Предлозите се доставуваат до Комисијата за доделување на Годишната награда на Општина Центар – „Феникс”, на ул. „Михаил Цоков” бр. 1 или во архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6.

Можете да прочитате

Линијата 35 се продолжува до Радишани, директно поврзување на Бутел и Аеродром

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица

ВЕЧЕРВА ФАТЕН НА ДЕЛО ВО КИСЕЛА ВОДА: Фрлал шут и кабаст отпад – веднаш санкциониран