Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски го прифати предлогот на СДСМ прво да се уапси себеси?

Sdsm.webp.webp

Слушаме денеска изјави од Христијан Мицкоски кој вели дека наводно владата ја поддржува акцијата на САД во Венецуела. Па уште прави несоодветни паралели со европскиот пат на Македонија, којшто токму тој го блокираше.

Очигледно е Мицкоски се обидува да се „испере” од неговите пријатели Орбан и Вучиќ, кои единствени во Европа развиваа соработка со Мадуро.

Но доцна е сега, не може Мицкоски да побегне ниту од Вучиќ, ниту од Орбан.

Нивниот заеднички проблем е што се отворија случаите на корупција и што во САД се носи Закон за Западен Балкан со фокус на борбата против криминалот и корупцијата.

Бидејќи Мицкоски вели дека ја поддржува акцијата на САД, прашањето е дали го прифати  предлогот на СДСМ прво да се уапси себеси?

Гледаме дека за Тимчо Муцунски овој предлог е прифатлив.

СДСМ, Центар за комуникации

Можете да прочитате

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на судијата Ристов

Претреси кај судија од Апелациониот суд по наредба на Обвинителството