Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски блокираше 100 милиони евра, Ковачевски обезбеди 80 милиони помош од ЕУ

СДСМ: Референдумот е измама на Мицкоски за граѓаните, за свои цели и против ЕУ

Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза, велат од владејачката СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Европската банка за обнова и развој го сопре заемот што требаше да го земе Македонија за справување со енергетската криза во вредност од 100 милиони евра. Причина за сопирањето е блокадата на законот за таа намена, од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ блокираат и опструираат, СДСМ предводена од претседателот Димитар Ковачевски обезбеди 80 милиони од ЕУ дирекна поддршка за енергетската криза“, се додава во нивното соопштение.

Истовремено, како што велат, обезбедени се и 100 милиони долари од САД за Армијата, 530 милиони евра од ММФ, 50 милиони од Ерсте, 250 милиони од Дојче Банк.

Ова, како што појаснуваат, се средства за справување со енергетската криза и за поддршка, за антикризните мерки за ранливите и компаниите.

„Разликата е јасна, СДСМ помага и се грижи за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ не само што не помага, туку во време на криза и одмага на државата и на граѓаните“, додаваат од партијата на власт.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!