Утрински Весник
Свет

Србите на собир во Митровица, вечерва најавено обраќање на Вучиќ, КФОР повикува на воздржаност

Вела: Србија ги тера Србите да ги напуштат косовските институции, тоа потсетува на Донбас 2014

Српската листа за денеска во 12 часот најави собир во северниот дел на Митровица, по одлуката на градоначалниците на четири општини со мнозинско српско население на северот на Косово, советници, заменици, министри во косовската влада, судии, обвинители. и припадниците на косовската полиција да поднесат неотповиклива оставка.

dobivaj vesti na viber

Според најавите, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва во 21:00 часот ќе и се обрати на јавноста во врска со последните случувања и потези на Приштина.

Амбасадорот на Србија во САД, Марко Ѓуриќ на Твитер изјави дека „во суштина, антиамериканската влада на Косово предизвикува хаос и го дестабилизира југоисточното крило на Европа во многу критичен момент“.

„Ја следиме ситуацијата и тесно соработуваме со лидерите во Белград и Приштина, како и со нашите меѓународни партнери, со цел да се одржи безбедна средина за сите луѓе на Косово“, вечерва по одлуката на Србите од северот на Косово да ги напуштат институциите и по порастот на нови тензии, најави и мисијата КФОР на Косово, според медиумите.

Тие ги повикаа сите да се справат со несогласувањата и да разговараат за нив како дел од конструктивен дијалог, пренесува КоССев.

„И Белград и Приштина мора да покажат воздржаност и да спречат ескалација. КФОР останува буден и подготвен да интервенира доколку стабилноста е загрозена“, вели заменик-генералниот секретар на НАТО.

Можете да прочитате

Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан

„Тесла“ ќе отпушти 600 вработени во Калифорнија

Можна е средба меѓу Зеленски и Бајден во наредните недели