Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Македонија е со највисока стапка на западнонилска треска во Европа

Simona czvetnoski sdsm.jpeg

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор

Две здравствени кризи. Со водата во Гостивар, труењето на 5.000 луѓе и новата криза со епидемија од западно-нилската.

Заедничко и за двете кризи е дека власта на Мицкоски задоцнето реагира.

Нема капацитет да превенира и да го заштити здравјето на граѓаните, туку реагира дури откако кризата ќе ескалира.

И наместо работа и Мицкоски и Клековски си заминаа на екскурзија, на одмор, среде кризи.

За Гостивар се уште никој нема објавено документ, го нема целиот извештај за водата.

Нема кој одобрил, кој потпишал.

Нема ниту одговорен, никој од власта не одговара за пропустите, заедоцнетите реакции на здравствените институции.

Кризата со западно нилската треска исто така.

Повторно задоцнети реакции, пропусти, нема одговорност. Дури и со прскање на комарци закаснија.

Резултатот е Македонија е земја во Европа со најмногу случаи по глава на жител.

Според податоците од Европскиот центар за спречување и контрола на болести (ECDC) стапка на инциденца (случаи по глава на жител) од западнонилска треска е највисока во Македонија.

Досега има пет жртви. Во моментов се хоспитализирани 21 лице.

Во критична состојба се наоѓаат уште четири лица. Меѓу хоспитализираните има и едно помладо лице на 25-годишна возраст.

Речиси секојдневно се примаат нови болни.

Справување со епидемија не е прскање против комарци и прес-конференција. Мора да има силен системски одговор со сет на мерки и активности.

Тоа досега не го видовме. Власта не успева да се справи со кризата.

Видовме тотален распад, институционален колапс и неспособност.

Клековски ги затвора базените кои Мицкоски ги отвораше, пред некој ден изјави дека вазните на гробиштата се проблем за комарците.

Граѓаните се прашуваат знае ли Клековски што зборува, знае ли што прави?

Тотален распад, неспособност.

СДСМ бара повторно: Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност,
Национална GIS карта на епидемијата и ризикот.

Интензивен ентомолошки надзор, тестирање на комарци за западно-нилски вирус.

Мапирање и уништување на местата за размножување, интегрирана контрола на векторите, јавен дневен извештај за состојбата и проценка на ризикот во цела држава.

Доста беа импровизации, за здравјето на луѓето се работи.

Можете да прочитате

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

Уапсен возач од Полска на ГП „Табановце“ – возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч 

Уапсен Македонец во Србија, осомничен дека е платен убиец