Утрински Весник
Македонија

Уапсен возач од Полска на ГП „Табановце“ – возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч 

Soobrakjaec radar.jpg

На 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска.

При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.

М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Уапсени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

СДСМ: Македонија е со највисока стапка на западнонилска треска во Европа

Уапсен Македонец во Србија, осомничен дека е платен убиец