Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Инфлацијата се намали на 3%, мерките на СДСМ дадоа резултат

Market 1.jpg

Мерките и политиките на СДСМ во насока на запирање на растот на цените дадоа резултат.

Инфлацијата во февруари годинава се намали на 3 проценти, покажаа официјалните податоци на државниот завод за статистика.

Ова е најниска стапка на инфлација од јуни 2021, кога почна влијанието на инфлаторните притисоци, како последица на енергетската криза, војната во Украина, нарушените синџири на снабдување.

Истовремено просечната плата континуирано расте и во декември 2023 година достигна највисоко ниво досега од 40.000 денари.

Растот на платите е поголем од растот на трошоци, со што реалната куповна моќ, во истиот период е зголемена.

Ова е потврда дека сите мерки на СДСМ за зауздување на растот на цените го даваат својот резултат.

Можете да прочитате

Младеновска: Дали се состана Комисијата за заразни болести додека се шири епидемијата во Гостивар? 

Полицијата изврши претрес во Тетово, едно лице лишено од слобода

Хоџа: Филтер-станицата во Вруток е предадена на „Комуналец“ уште во 2014 година