Утрински Весник
Политички Партии

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините

СДСМ: Поделби, кавги и внатрешни судири во ВМРО-ДПМНЕ само за пари и тендери
Ss2

Наместо да работат во интерес на граѓаните и реализација на ветените проекти, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се што прават е задолжување и партизација на општините, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„За само 1 година и 3 месеци, ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски го зголемиле долгот на општина Кисела Вода за 40 милиони денари. Зголемување на долгот и обиди за дополнително задолжување преку општински обврзници има и во други десеттина општини предводени од градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ. Но парите од овие задолжувања наместо да се трошат на проекти и политики, тие се трошат непродуктивно и за вработување на партиски кадри во општините. Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за времени вработувања, пет милиони денари ќе потроши општина Аеродром за истата намена, а милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес“, се посочува во соопштението од оваа партија.

300x250 (7)

Тоа, како што додаваат од таму, е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат.

Оценуваат дека ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт