Утрински Весник
Скопје

СДСМ: Добредојдовте кај Орце – 24info.mk

Image 2026 07 19 094828796.png

Соопштение на СДСМ:

Скопје стана град во кој ништо не функционира, освен тендерите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.


Ѓубрето не се собира, депониите се полни, а јавниот превоз е во распад. Граѓаните се дават во проблеми кои траат со години, а наместо решенија добиваат билборди со коњи со пет нозе и храмови од Белград.

Ништо не е решено, но е решен коњот.

Сè уште нема одговор кој бил задолжен за изработката на срамниот билборд, колку е платено за AI-генерираната срам и дали изведувачот ќе биде казнет за лошо извршена работа. 

Градоначалникот молчи, а парите од буџетот на Град Скопје продолжуваат да течат.

Ова не е управување со град туку управување со тендери и јавни пари, додека Скопје тоне во ѓубре, сообраќаен хаос и институционална немоќ.

Добредојдовте кај Орце. 

Овде проблемите се решаваат со билборди, а не со работа.

Можете да прочитате

Отворен првиот Центар за дневен престој за лица со попреченост над 14 години во Скопје

Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN”

Општина Карпош: Kејот на Вардар – место за спорт и дружба