Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Зошто ли се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар

Sdsm1.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? 


Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски?

Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена Европската комисија објави извештај во кој јасно се наведува политичкото влијание, односно влијанието на Мицкоски врз него?

Дали е тоа истото обвинителство кое го поставува Мицкоски, кое го повикува од собраниската говорница, кое го притиска преку медиуми и кое го користи за нарачка на политички прогон преку телефон?

Зошто ли се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар? 

Затоа што истото обвинителство, по налог на Мицкоски, ги крие резултатите бидејќи тие можат да доведат до нови сознанија и нова одговорност?

ВМРО-ОКГ и понатаму се обидува да ја сведе одговорноста само на „морална” и да ја префрли на локално ниво, додека институциите кои ги контролира продолжуваат да молчат и да кријат информации.

Граѓаните на Гостивар, и сите граѓани на Македонија, заслужуваат да знаат целата вистина a не изговори и селективна одговорност која ја штити криминалната структура на власта.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп