Утрински Весник
Македонија

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

До кога треба да чекаат граѓаните на Македонија за Мицкоски и Филков да ги пратат документите за екстрадиција на Никола Груевски?

Помина повеќе од еден месец, патуваа документите со денови, Министерството ги собираше документите, сега молчат за едно од најважните прашања поврзани со правдата и владеењето на правото.

Зошто се кочи постапката?

Или вистината е многу едноставна – Мицкоски и Филков не сакаат Груевски да биде екстрадиран затоа му оставаат простор повотрно да избега?

Мицкоски не го сака враќањето на Груевски затоа што тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ. 

Ги тргна сите потпретседатели од партијата а од општинските комитети на направи личен фан-клуб, поради страв од враќањето на неговиот ментор.

Филков по секоја цена сака да ја зачува фотелјата, иако веќе се шпекулира дека ќе биде сменет.

Доста криминалци штитат криминалци.

Испратете ги документите веднаш!

Можете да прочитате

Рубин Земон поднесе оставка од ИО на СДСМ: Не сакам моето семејство да биде мета на напади

Хоџа иницира редовен дијалог со граѓанските организации за животна средина

Муцунски се сретна со бугарската колешка, Велислава Петрова