Утрински Весник
Македонија

СДСМ денеска ќе објави нови детали за скандалот: Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+

Sdsm 1.jpeg

Соопштение на СДСМ:

Владата молчи и никако не одговара на прашањата поврзани со скандалот со назначувањето на в.д. директорка на Националната агенција за европски образовни програми, институција која располага со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус+.


Зошто Ана Михајлов, која е под истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, е назначена за в.д. директорка на Агенцијата?

Дали ова назначување има за цел да ја блокира истрагата на ОЈО и ОЛАФ?

Молкот на власта е силна потврда дека немаат аргументи и дека се обидуваат да ја прикријат вистината од јавноста.

СДСМ денеска ќе објави нови детали за скандалот:

Кој сè е вмешан во овој скандал?

Дали и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ е поврзана на некаков начин?

Кој е дел од вмровските шеми во Еразмус+?

Проследете ја прес-конференцијата на СДСМ денеска, во 12.00 часот, во седиштето на партијата.

Можете да прочитате

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња 

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување