Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Декласификацијата ќе открие сè, зошто Мицкоски се плаши јавноста да ја дознае вистината?

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Издиша наводната афера на власта.  Случајот со АНБ кој го спремаа за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им испукна како бомба во раката.


Влста бега од декласификација на документите и се плаши јавноста да ја дознае вистината.

Очигледен е стравот на премиерот Христијан Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење.

Декласификацијата ќе открие сè, дали и кој бил следен, кој со кого соработувал, за какви цели, што се крие од јавноста, но и зошто на овој начин ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста.

Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши сè да се дознае? 

Дали станува збор за: соработка на Мицкоски со странски служби, за комуникација со руски агентури, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ?

Дополнително, ако власта тврди дека СДСМ прислушувала, зошто тогаш бега од декласификација? Ете нека ги декласифицираат документите и нека се дознае сè.

СДСМ не се плаши и нема што да крие. Декласификација јасно ќе покаже сè и кој треба да одговара, но и која е виситната позади случајот.

Толклу ли многу се плашите од вистината?

Можете да прочитате

Уапсен радовишанец кај кого била најдена марихуана

82 години Народен театар Битола, 12. Битола Шекспир фестивал

Констатирани 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно возило“ во изминатото деноноќие, уапсени 17 лица