Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Дали на 10 август, Блерим Рамадани, наместо во куќен притвор бил во Косово и ја поминал границата без да биде застанат?

Img 20240822 Wa0002.jpg

Од СДСМ на прес-конференција објавија дека ги имаат сите информации во врска со бегството на Блерим Рамадани и ги запрашаа Владата и МВР дали на 10 август, кога Рамадани бил во куќен притвор, тој всушност си бил во Косово?

„Дали е точно дека на тој ден околу 18 часот и 40 минути, Рамадани со возило, без да биде застанато на границата, бил однесен на Косово и доцна вечерта вратен во куќниот притвор во Македонија?“ запраша пратеникот Митко Трајчулески и додаде дека во СДСМ ги имаат деталите и дека секоја лага на Владата и институциите во однос на ова е кривично дело.

Тој наведе дека им даваат можност на Тошковски, ВМРО-ДПМНЕ и Вреди сами да излезат во јавност со фактите, да започне истрага и да дадат оставки сите вклучени во скандалот со бегството на Блерим Рамадани.

„Понатаму, прашуваме, дали е точно дека на 14 август, односно дента кога е избеган Рамадани, тој ја напуштил државата на ист начин со службено возило на државна институција, управувано од човек вработен во институциите, а повторно пропуштен на граничниот премин без никаква контрола? Дали ова не значи дека не станува збор за бегствто, туку организирано пуштање на затвореникот во Косово во кое учествувале македонските институции?“ запраша Трајчулески.

Тој во име на СДСМ го праша и министерот Тошковски како е можно човек баран со меѓународна потерница два пати да поминал државна граница, додека е во притвор кој го обезбедува МВР.

„Која е улогата на МВР во овозможување на прошетките на Рамадани и негово конечно напуштање непречено на државата? Очекуваме одговори во следните 24 часа, доколку не ги добиеми ќе ги објавиме сите информации од свиркачите кои ги добивме“ рече Трајчулески.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим