Утрински Весник
Балкан

Џефри Сакс: Србија е во право што има добри односи со сите, но САД не сакаат неутралност

20240822083617 Big 730x400 58.webp.webp

Американскиот економист, професор на Универзитетот „Колумбија“, Џефри Сакс рече дека Србија со право се стреми да одржува добри дипломатски односи со сите партнери – САД, Русија, Европската Унија (ЕУ), земјите од Заливот, Кина и други.
„Ако нешто на САД не им се допаѓа, тоа е неутралноста. Или си со нас или си против нас“, тоа е нивната стандардна позиција, која се заснова на ароганција и речиси никогаш не успева“, нагласи Сакс во интервју за НИН.

Тој изјави дека Србија и балканскиот регион воопшто ќе напредуваат со мир, обновување на економските односи меѓу ЕУ и Русија, одржување на отворена трговија и соработка со Кина, силни економски односи меѓу Балканот и Блискиот Исток, мир во Палестина (имплементација на решението за две држави за Израел и Палестина под надзор на Обединетите нации) и европското партнерство со кинеската иницијатива „Појас и пат“.

Можете да прочитате

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион

„Риба-зајак“ касна жена во популарно грчко летувалиште

Вучиќ го „одврза“ ќесето: Најави ваучери за одмори, еднократна помош и раст на платите и пензиите