Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Блокадите од Мицкоски за членството во ЕУ се против подобар живот на народот

СДСМ: Мицкоски да ја прекине блокадата на Скопје, повлекувањето на Ленин е провидна игра

Блокадите и опструкциите што Мицкоски и ДПМНЕ ги прават против членството во Европската Унија се во спротивност со интересите и потребите на граѓаните. Тие се против подобар животен стандард на народот, посилна економија, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

– Граѓаните заслужуваат можност за интеграција во Европската Унија, заслужуваат подобар живот и можности за развој и напредок, но не заслужуваат да ја плаќаат цената на блокадите на ДПМНЕ. Државата е пред историска шанса за членство во ЕУ, унијата јасно стави до знаење дека е подготвена за ново проширување до 2030 година и тоа треба да се искористи сега, велат од владејачката партија.

Како што велат од СДСМ, одлуката за уставни измени е единствената задача што треба да се заврши за продолжување на евроинтеграцијата, а блокадите не носат ништо, освен изолација и чекање, уште 11 или 17 изгубени години.

 

Можете да прочитате

Еден ѕид кај Детската клиника од 2022 стои опасно, никој не мрда прст!

Викендов променливо облачно време, на повисоките места слаб снег

Лазов од велешка Маслодајна бара намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто