Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Sdsm Centralen Odbor 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение на СДСМ:

Обидите на ДПМНЕ да ги прикаже новите кадри на СДСМ како „стари и потрошени” се ништо друго освен јалов напад кој го одразува нивниот страв од вистинските промени што се случуваат во СДСМ. Со ваквата реторика, владејачката партија уште еднаш покажува дека е неспособна да понуди решенија за проблемите на граѓаните, па се фокусира на празни и безсодржајни критики кон опозицијата.

Изборот на новото раководство на СДСМ е доказ за освежување, нова енергија и силна визија за иднината. Станува збор за професионалци со интегритет, кои немаат политички багаж и кои ја претставуваат модерната социјалдемократија. Нападите на ДПМНЕ само ја потврдуваат нивната нервоза пред овој силен и решителен чекор на СДСМ да ги постави темелите за ново, посилно политичко делување.

Ваквите напади се безуспешен обид да се дискредитира еден демократски и транспарентен процес, со кој СДСМ избра раководство подготвено да ги врати партиските вредности и довербата на граѓаните. Наместо да се занимаваат со сопствените скандали, неуспеси и неспособност за управување со државата, ПМНЕ се обидува да манипулира со јавноста преку излитени и невистинити тврдења.

СДСМ ќе продолжи да гради нова и прогресивна партија која ќе биде блиску до своите членови, симпатизери и граѓаните, без разлика на очајните обиди на ДПМНЕ да го наруши овој процес. Граѓаните веќе ја препознаваат разликата: додека СДСМ се менува и работи за иднината, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во старите шаблони на манипулација и деструктивност.

Можете да прочитате

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога

Лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје биле поврзани со Исламска држава, велат од АНБ