Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од „кошничката” кога трговците ги зголемија цените

Sdsm 1.png

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Цените во маркетите растат а граѓаните живеат се потешко.


Џабе е зголемен бројот на производи кои се дел од т.н „новогодишна кошничка” кога трговците веќе ги зголемија цените на овие производи.

Политиките на власта со „кошнички” се промашени и немаат никаков ефект. Измамата со кошничките граѓаните ја гледаат секој ден во маркетите каде што цените се зголемени.

Тоа го потврдуваат и последните податоци на Државниот завод за статистика кои покажуваат поголема инфлација за 4,3% во месец ноември и зголемување на цените на мало за 3,5%.

Високите цени и инфлацијата ги јадат семејните буџети, граѓаните имаат се помалку пари а тоа води кон поголема сиромаштија.

Лошите политики на Мицкоски удираат директно по џебот на народот.

Намесот лаги и манипулации власта треба да почне нешто да работи за заштита на стандардот на граѓаните и да ги прифати издржаните предлози на СДСМ за намалување на цените и зголемување на платите.

Можете да прочитате

Променливо облачно, до 14 степени

Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница