Утрински Весник
Економија

СДСМ: „10 милијарди евра за 10 години” – нова должничка замка, а нема развој

Whatsapp image 2025 12 26 at 15.11.01.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години”. 


Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните.

Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. 

Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. 

Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и помалку пари за плати, пензии и јавни услуги.

Покрај тоа, најавата предвидува само 57 километри автопат за 10 години – односно 5,7 километри годишно. 

Ова е крајно недоволно за сериозен економски раст и подобра поврзаност на земјата.

Уште поалармантно е што нема јасни извори на финансирање. 

ЕУ фондовите се блокирани поради отсуство на реформи, буџетот е празен, а странските инвестиции паднаа за 60 отсто. 

Единствената преостаната опција е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните.

Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат, подобрување на деловната клима, владата произведува пропагандни најави без финансиска и институционална подлога.

Резултатот ќе биде уште поголем јавен долг, послаб економски раст и долгорочно послаб животен стандард за граѓаните.

Доста е со лаги и празни ветувања.

Можете да прочитате

Трошоците на животот во мај зголемени за 4,8 отсто

Средствата од Планот за раст не ги добива земјата директно на сметка, туку се даваат за одредени чекори и проекти, вели Мицкоски

Владата прави потрошувачко портфолио, со кое потрошувачите би имале од 5 до 10 отсто поевтина цена на струјата, најави Мицкоски