Утрински Весник
Македонија

СДСМ: 10 години откако Груевски не е премиер, повторно со ВМРО сме на исто

Sdsm.webp.webp

Овој јануари изминуваат точно 10 години откако Никола Груевски во 2016 година поднесе оставка од премиерската функција.

Со неговото повлекување започна крајот на режимот кој 11 години ја уназадуваше земјата на секое поле. Заврши ерата на незапаметен криминал и корупција, грабеж на граѓаните, партизација на секоја пора на општеството, окупирано судство, медиуми, задушена слобода и демократија и изолација на земјата. Кога Македонија не беше членка на НАТО и беше далеку од ЕУ.

Време на сиромашни и обезправени граѓани со најниски плати, време на неправда, постојани црни кампањи, пресметки со политичките неистомисленици, хајки, дискриминација, сеење страв и поделби во општеството.

После 10 години откако Груевски не е премиер, со ВМРО сме на исто.

Во последните 2 години со владата на Мицкоски Македонија повторно е на пат кон изолација и оддалечување од ЕУ и стратешкото партнерство со САД.

После 2 години граѓаните повторно живеат тешко, стандардот им опаѓа, македонските работници имаат најниски плати во регионот а владата не презема ништо.

Повторно се врши партизацијата на сите институции, власта ги зема под своја контрола судството и обвинителството, ја злоупотребува и полицијата за партиски цели.

Криминалот и корупцијата буквално цветаат, преку криминални тендери се испумпуваат пари од граѓаните.

Во последните 2 години повторно нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата, за плати за војниците. Пари има само за криминални тендери.

Повторно сме сведоци на црни кампањи против опозицијата, политички прогон, јавен линч, притисок врз медиуми, загрозување на слободата и демократијата.

На исто сме со ВМРО, само на местото на Груевски е Христијан Мицкоски. 

Време е повторно да се врати власта во рацете на народот.

Можете да прочитате

И Беким Сали ќе учествува на Форумот во Давос

Грипот зеде уште една жртва

Водици со -10 степени: Ладно време ќе имаме за големиот Христијански празник