Утрински Весник
Македонија

Малолетник без возачка возел низ Струга, полицијата го одзеде возилото

Whatsapp Image 2025 02 24 At 16.30.29.jpeg

На 25.02.2026 во 19:50 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патнички автомобил „фолксваген туран” со струшки регистарски ознаки, при што било констатирано дека го управувал 16 – годишник кој сè уште немал законско стекнато право за управување моторно возило.

По консултација со јавен обвинител, полициските службеници, во присуство на член на семејството на малолетникот, извршија службен разговор и возилото го одзедоа. 


По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, велат оттаму

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол