Утрински Весник
Скопје

Санкционирани 134 возачи во Скопје

Stop Policija.jpg

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки.

Притоа, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 43 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за возење под дејство на алкохол, 11 мерки за некористење сигурносен појас како и за други прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. 

Можете да прочитате

Изгубено е 8 годишно дете – Виктор последен пат е виден на Плоштад

(Фото/Видео) Згради никнуваат во паркот во Ѓорче Петров

Одбележан патрониот празник на општина Илинден