Утрински Весник
Свет

Санија Ахмети даде оставка по пукањето во ликот на Богородица и Исус – ја избркаа и од партијата

Uploads Thumbs Resize 800x420 658545.jpg

Не запираат реакциите за потегот на швајцарската политичарка Санија Ахмети, која додека вежба стрелање, го изрешета ликот на Богородица со Исус.

Подмладокот на десничарската швајцарска народна партија поднесе кривична пријава против Ахмети за нарушување на слободата на вероисповед и богослужба, соопштија вчера од партијата. Николас Римолди, основачот на движењето Mass-Vol, започнато како протест против мерките за пандемијата, исто така најави дека ќе поднесе жалба.

Откако швајцарскиот дневен весник Blick објави за сликите што Ахмети ги објави на Инстаграм во неделата, на 32-годишната политичарка не ѝ требаше многу време да одговори на критиките. Ги избришала сликите и напишала дека не била свесна што направила и побарала прошка. Но, не се заврши тука.

Поради критиките, Ахмети поднесе оставка од раководството на зелените либерали во Цирих.

Партијата, исто така, размислува за исклучување, според извештајот на швајцарскиот јавен радиодифузен сервис СРФ. „Според мислењето на раководството на партијата, натамошното членство на Санија Ахмети во зелените либерали би му наштетило на угледот на партијата. За да се спречи понатамошна штета, партијата бара веднаш да се покрене постапка за исклучување“, соопштуваат од партијата.

Ахмети го користела каталогот на аукциската куќа Колер како мета за нејзиниот тренинг за стрелање, поточно приказот на Богородица со бебето Исус, истакна таа, затоа што сликатс била доволно видлива.

На Инстаграм, Ахмети, која сака да пука во слободното време, објави две фотографии од пукањето на ликот на Марија и Исус.

На фотографијата одблиску на изрешетаната слика се забележуваат дваесетина дупки од куршуми.

Ахмети рече дека случајно имала уметнички каталог и не внимавала на религиозната содржина на сликата.

Швајцарските медиуми пишуваат дека Ахмети е родена во денешна Босна и Херцеговина и дека со родителите како бегалец во Швајцарија дошла во 1995 година. Некои ги споменуваат и нејзините врски со Косово. Ахмети се декларира како муслиманка.

Можете да прочитате

Макрон со предупредување: ЕУ умира!

Макрон со предупредување: ЕУ умира!

Ужас во Виена: Тинејџери од Сирија со месеци групно силувале 12- годишно девојче