Утрински Весник
Свет

Саливан: Бајден нема да се извини во име на САД за фрлањето на атомската бомба врз Хирошима

Саливан: Бајден нема да се извини во име на САД за фрлањето на атомската бомба врз Хирошима

Американскиот претседател Џозеф Бајден не планира да се извини во име на САД за употребата на атомската бомба во нападот на Хирошима во 1945 година, изјави советникот на Бајден, Џејк Саливан, за време на летот за Јапонија, каде што американскиот претседател ќе присуствува на самитот на групата седум (Г7) во Хирошима.

dobivaj vesti na viber

Саливан изјави дека Бајден, како еден од лидерите на Г7, ќе ѝ оддаде почит на историјата и на јапонскиот премиер Фуми Кишида.

Ова е втора посета на Бајден на Јапонија откога ја презеде функцијата во јануари 2021 година.

Можете да прочитате

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови

Трамп издаде наредба армијата да го нападне Иран во случај на обид за атентат врз него

Хамнеи изјави дека одмаздата за убиството на неговиот татко е „барање на нацијата и мора да се спроведе“