Утрински Весник
Македонија

Салиу: МВР поднесе кривична пријава, просториите на ПорталХ и мојот дом најверојатно ќе се претресуваат

Img 5685.jpeg
300x250 (7)

Пред неполн час новинарот Фуркан Салиу на социјалните мрежи oбјави дека полицијата против него поднела кривична пријава за попречување на службено лице по член 382. Како што пишува тој, најверојатно ќе бара претрес во просториите на ПорталХ и во неговото живеалиште.

„Делото не верувам дека можат да го докажат меѓутоа најверојатно работата на ПорталХ ќе биде оневозможена одреден период. Ги повикуваме сите релевантни институции, меѓународните организации добро да пазат како ќе се одвива целата ситуација“, напиша Салиу.

Ss1

Пред неколку дена на фудбалскиот натпревар во селото Средно Коњари, беше приведен, а потоа и ослободен новинарот Фуркан Салиу, во чиј автмобил полицијата пронашла и пиштол. Салиу потоа објасни дека одел на стрелиште и затоа со себе го носел и пиштолот. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски тврдеше дека новинарот нападнал полициски службеник.

Screenshot

Ss1

Можете да прочитате

Бајрами: Без пратениците од Европскиот фронт не може да се формира ниту една влада

За брзо возење изречени 133 санкции за еден ден

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај