Утрински Весник
Македонија

Саем „Начини до добро ментално здравје“, во организација на НМСМ и МТСП

Саем „Начини до добро ментално здравје

„Начини до добро ментално здравје“ е насловен на саемот што денеска ќе се одржи во просториите на Студентскиот културен центар – Скопје, во организација на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Министерството за труд и социјална политика.

На саемот, како што соопштија од Националниот младински совет на Македонија, ќе биде промовирана Националната стратегија за ментално здравје на млади 2024 – 2026, која минатата недела беше разгледана и усвоена на седница на Владата, на предлог од Министерството за труд и социјална политика, а подготвена од страна на НМСМ.

Најавени се поздравни обраќања на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и претседателот на НМСМ, Филип Ивковски.

Саемот ќе опфати интерактивна работилница за истакнување на потребата од грижата за менталното здравје, позитивниот пристап кон целокупното здравје и важноста на менталната хигиена, а ќе бидат претставени и целите и активностите на Стратегијата, нивното значење за младите, како и важноста од вклучувањето на младите во носењето на одлуки и креирањето на политики кои ги засегаат.

 

Можете да прочитате

Народниот правобранител отвори предмет за загадувањето на водата во Гостивар

Апелација ја зголеми затворската казна од 16 на 20 години за кавадарчанецот која ја уби својата вонбрачна партнерка

Уставен суд за прв пат пријави судија за непочитување судска одлука