Утрински Весник
Свет

САД со предупредување до Рајфајзен банк поради соработката со руски тајкун

382491 Samoubistvoraifaizenbanka227012009 Fmob.jpg

Министерството за финансии на САД ја предупреди Рајфајзен банк (РБИ) дека нејзиниот пристап до американскиот финансиски систем може да биде ограничен поради деловните зделки со Русија, според извор кој ја видел преписката.

Заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо, на 6 мај испратил писмо до РБИ во кое изразува загриженост за проширувањето на банката во Русија, како и за договорот од 1,5 милијарди долари со санкциониран руски тајкун што банката во меѓувреме го отфрлила, тврди анонимниот извор.

Иако Рајфајзен се повлече од договорот поврзан со рускиот тајкун Олег Дерипаска неколку дена по пристигнувањето на писмото, изворот рече дека американското Министерство за финансии и понатаму е загрижено за операциите на Рајфајзен во Русија.

Досега, најстрогото предупредување за најголемата западна банка во Русија уследи по повеќемесечниот притисок од Вашингтон, кој повеќе од една година го истражува работењето на австрискиот заемодавач во таа земја.

Портпаролот на Рајфајзен изјави дека Рајфајзен се повлекол од тој бизнисот со рускиот тајкун и не влегувал во такви трансакции. Тој, исто така, објави дека РБИ „значително ги намалила“ своите активности во Русија и иницирала широки мерки за ублажување на ризикот од санкции.

„РБИ ќе продолжи да работи на деконсолидација на својата руска подружница“, изјави портпаролот за Ројтерс.

Американците, од друга страна, предупредуваат дека активностите на РБИ го зголемуваат ризикот од иницирање мерки за ограничување на нејзиниот пристап до финансискиот систем на САД, со оглед на загриженоста дека нејзиното однесување ја загрозува националната безбедност на САД.

Соединетите Американски Држави се најмоќниот регулатор во светот, најмногу затоа што може да го прекине пристапот до доларот, камен-темелникот на меѓународните финансии. Губењето на пристапот до доларот веројатно ќе ја турне секоја банка во криза.

Можете да прочитате

Хутите во Јемен ослободија повеќе од 100 воени заробеници

Воениот кабинет на Израел вечерва ќе разговара за договорот за ослободување на заложниците

ОН: Над 670 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја