Утрински Весник
Спорт

И ФК Вардар на листата од УЈП, должи 800.000 евра

422586214 801040948731641 243442471254845371 N 660x330 1.jpg

Управта за јавни приходи (УЈП) објави листа на фирми и физички лица кои должат кон државата даноци, придонеси, акцизи и царини. На таа листа се најде и фудбалскиот клуб Вардар кој должи 48.660.207 денари, или околу 800.000 евра. ФК Вардар веќе неколку години се соочува со финансиски проблеми. Клубот играше и во Втора лига, минатата година преку бараж се врати во „елитата“, а сега повторно го очекува бараж со Детонит за опстанок во ПМФЛ. На листата должници која ја објави УЈП се најдоа правни лица кои имаат долг повисок од 300.000 денари.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл