Утрински Весник
Свет

САД со барања до косовската Влада: повлечете ја полицијата од општинските згради, градоначалниците да работат од други локации

САД со барања до косовската Влада: повлечете ја полицијата од општинските згради, градоначалниците да работат од други локации
300x250 (7)

Американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховениер изјави дека „САД имаат две барања од Владата на Косово“.

dobivaj vesti na viber

Како што посочи, тие барања се Владата на Косово да не инсистира градоначалниците да работат од општинските згради и полицајците да се повлечат од трите општински згради на север.

Ss1

„Не разбираме зошто алтернативните локации или други јавни згради не можат да се користат за извршување на нивните функции“, рече Ховениер.

Американскиот амбасадор го наведе примерот со градоначалниците на северот кои даваат заклетва на алтернативни локации.

„Сметаме дека присуството на косовската полиција во зградите во кои насилно влегла е многу предизвикувачко, затоа побаравме од владата да ја повлече полицијата од овие три општински згради“, рече американскиот дипломат.

Според Ховенје, преземањето на овие две акции ќе помогне да се намалат тензиите, пишува Коха, пренесува Косово онлајн.

Ss1

Можете да прочитате

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија

Германија: 430 лица заразени со норовирус на Пролетниот фестивал во Штутгарт