Утрински Весник
Спорт

Прва сензација во Париз – Медведев се караше со сите, па загуби од бразилски квалификант

Прва сензација во Париз – Медведев се караше со сите, па загуби од бразилски квалификант
Ss2

Релативно анонимниот Бразилец Тијаго Сејбот Вилд го направи најголемото изненадување на Ролан Гарос, откако во драматични пет сета со 7:6(5)/6:7(8)/2:6/6:3/6:4 го елиминираше светскиот рекет број 2, Данил Медведев во меч во кој Русинот повторно влегуваш во конфликт со судиите и публиката. Ова е само втора победа на гренд слем меч за 23-годишниот Бразилец.

dobivaj vesti na viber

Медведев секогаш признавал дека играта на земјена подлога му е најслаба страна, но оваа пролет успеа да го освои Мастерсот во Рим за да ги подгрее надежите за добар настап во Париз.

Но, 175-рангираниот Сејбот Вилд, кој на турнирот влезе преку квалификациите, се покажа како упорен противник кој не се откажува. По првиот и вториот сет кој беа решени во тесни тај-брејкови, Медведев поведе со 2:1 во доминатниот трет сет за да најави лесен пласман, но потоа нервозата го направи своето, а Бразилецот се врати за да ги освои следните два сета по два брејка за победа по 4 часа и 15 минути за најголем успех во кариерата на 23-годишниот квалификант.

За разлика од него, Германецот Александер Зверев влезе рутински во второто коло, победувајќи го Јужноамериканецот Лојд Херис со 7:6(6)/7:6(0)/6:1.

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер