Утрински Весник
Македонија

Сајкоски: Комисијата за избори и именувања не е надлежна самата да презема нешто околу интерпелацијата за Даути

Sajkoski.jpg

Денеска од Левица рекоа дека ќе чекаат неколку дена да се произнесе „Европскиот фронт“ од чии редови е Даути и да видат дали таа ќе поднесе оставка од функцијата, а доколку тоа не се случи, ќе поднесат предлог за нејзино разрешување до Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема нешто во врска со интерпелацијата на претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, вели претседателот на ова собраниско работно тело, Ѓорѓија Сајкоски.


Тој додава дека досега Комисијата за прашања на изборите и именувањата нема добиено никакво известување.

„Во заклучокот од Собранието се кажува дека наводите во интерпелацијата се основани, односно дека со 61 пратеник, претседателот на Комисијата е разрешен, во случајот Даути, бидејќи не ги исполнила деловничките одредби. Тоа е она што е суштината. Комисијата за прашања на изборите и именувањата не е надлежна самата да презема бидејќи не е ни повикана. Чекаме следни чекори од пратеничките групи“,вели Сајкоски во изјава за МИА.

Според Сајкоски, интерпелацијата е висок морален чин на секој именуван функционер кој не ја исполнува законската обврска, односно смета дека Даути треба самата да си поднесе оставка.

Можете да прочитате

Попов ја запроси својата сакана Моника – „Кажа ДА!“

АХВ: Нема токсична туна во Македонија

Колку е безбедно да се шетате ноќе во Македонија? Еве што покажуваат статистиките!