Утрински Весник
Македонија

Сѐ се зголемува, освен платите

Parite 37qcim4nwd2wawdd6qyxhc 960x528 1.jpg

Соопштение за јавност од СДСМ

Зголемување на цената на парното.

Зголемување на цената на струјата.

Зголемување на цената на нафтата.

Зголемување на данокот на имот.

Сѐ се зголемува.

Освен платите.

Во буџетот нема пари. Наскоро нема да има ниту за пензии.

Потрошувачката кошничка се зголеми за 10.000 денари.

Земјоделците се без субвенции.

Нема ИПАРД затоа што го уапсија директорот од ВМРО поради корупција.

Намален е откупот.

Поскапе ѓубривото.

Европскиот пат е целосно закочен.

Македонија е изолирана.

Никој не сфати дека ова се клучните економски точки од програмата – Платформа 1198.

Ова е програмата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски, која требаше, заедно со ветувањата дека ќе го врати името и ќе го укине Преспанскиот договор, да им ја презентира на своите гласачи.

Можете да прочитате

Секој ден си велам ова е дното, ама може и полошо вели Пановски за случајот во Гостивар

Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија

Со натписи „УЧК“ вандализирано КУД „Српски вез“ во Куманово