Утрински Весник
Свет

Руски воен блогер осуден на 6 и пол години затвор

Zatvor.jpg

Руски воен блогер е осуден на шест и пол години во затворска колонија, откако беше прогласен за виновен за ширење лажни информации за вооружените сили, соопштија владините истражители.

Андреј Куршин го водеше каналот на Телеграм „Moscow Calling“, кој ги поддржуваше целите на руската војна во Украина, но го критикуваше начинот на кој военото раководство ја водеше кампањата.

Аналитичарите од Институтот за проучување на војната го опишаа Куршин, во времето на неговото апсење во август минатата година, како „маргинален ултранационалист“ кој залутал надвор од границите на дозволената критика на руските воени напори./Извор:Makfax

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција