Утрински Весник
Македонија

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите

Vlada.webp.webp

Владата донесе одлука за прогласување на кризна состојба од 30 дена на цела територија на државата поради зголемената појава на пожари.  

Портпаролката на Владата Марија Митева попладнево на прес-конференција соопшти дека одлуката е донесена врз основа на денешната седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот со кризи. 


– Ова на терен значи дека се овозможува интегриран пристап и координирано дејствување на сите надлежни институции – Армијата, полицијата, сите противпожарни единици, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување и локалните самоуправи. Ќе се мобилизираат сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички се со цел да се справиме со пожарите и заштита на населението, рече Митева.

Владата, како што посочи, ќе обезбеди помош за сите засегнати подрачја со цел спречување на поголеми последици.

Ги повика граѓаните на максимална внимателност и почитување на сите препораки и забрани. 

Можете да прочитате

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка

Утре почесна стрелба по повод Денот на Армијата

По вчерашната меѓунардона акција притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана