Утрински Весник
Свет

Руски ракетен напад уништи дел од зградата на Киевската академија за применети уметности

Kiiv.webp.webp
300x250 (7)

– Руски ракетен напад врз Киев уништи дел од зградата на Државната академија за декоративни и применети уметности и дизајн „Михаило Бојчук“, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на Министерство за култура и информативна политика.

Во нападот на Киев утринава, како резултат на паѓање фрагменти од проектил лансиран од Руската Федерација, уништен е централниот дел од зградата на Киевската државна академија за декоративна и применета уметност и дизајн „Михаило Бојчук“, особено спортската сала, конгресната сала и изложбениот центар. Значително се оштетени просториите на факултетите и аудиториумот на институцијата, се вели во соопштението.

Ss1

Според првичните информации две лица се повредени и хоспитализирани. Од Министерството додаваат дека во најкраток можен рок ќе се направи проценка на штетите и ќе се преземат мерки за итна реконструкција на уништените објекти.

Неколку експлозии одекнаа утрово во Киев. ПВО пресретнала два балистички ракети истрелани од руските сили кон Киев, соопшти командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук. Фрагменти од ракетите паднале во неколку киевски области.

Ss1

Можете да прочитате

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Хутите истрелаа три проектили кон два брода во Црвеното Море – оштетија британски танкер

Хамас го добил и го проучува одговорот на Израел за предлогот за примирје во Газа