Утрински Весник
Свет

Руски град прогласи вонредна состојба, дрон удри во станбена зграда

Руски град прогласи вонредна состојба, дрон удри во станбена зграда

Беспилотно летало погоди станбена зграда во јужниот руски град Воронеж, што истражителите го нарекоа терористички чин во интерес на Украина. Регионалниот гувернер прогласи вонредна состојба. Три лица се полесно повредени од скршено стакло, но не се на болничко лекување, изјави гувернерот на регионот, Александар Гушев.

dobivaj vesti na viber

Рускиот државен истражен комитет, кој се занимава со тешки кривични дела, објави дека повел кривична постапка против „лица што дејствуваат во интерес на воено-политичкото раководство на Украина“.

Немаше официјална реакција од Украина, која не ги коментира, како што вели, наводните воени операции на руска територија.

Нападите со беспилотни летала во Русија стануваат сè почести, но во области поблиску до Украина. Воронеж има повеќе од еден милион жители и се наоѓа на 180 километри од украинската граница.

„Одекна жестока експлозија. Врескав. А водоинсталатерот што ми го средуваше одводот го виде тоа, рече дека тоа е дрон“,  вели сведок.

Инспекторите соопштија дека е направена штета на станбена зграда, чија фасада е делумно уништена.

Минатиот месец Русија ја обвини Украина дека лансирала две беспилотни летала во Кремљ, како што рече, обид за атентат на претседателот Владимир Путин. Киев негира вмешаност во инцидентот.

На 30 мај Русија соопшти дека соборила или пренасочила осум украински беспилотни летала во напад на неколку населби во Москва. Советникот на украинскиот претседател негира дека Киев е директно вмешан, но рече дека „со задоволство ги следи настаните“ и предвидува уште такви напади.

Можете да прочитате

Сексуалните работници во Белгија од денес имаат загарантирани работнички права

Полицијата со палки и солзавец врз навивачите во Германија – 79 повредени

Полскиот премиер Доналд Туск ги посети воените утврдувања на границата со Русија, кај Калининград