Утрински Весник
Свет

Русите и Украинците „направија пекол во рајот“: Бали им се заканува со укинување на визите

Русите и Украинците „направија пекол во рајот“: Бали им се заканува со укинување на визите

Со своите плажи, опуштениот начин на живот и чувството дека секогаш е празник, Бали беше тропски рај до почетокот на војната во Украина. И тогаш почнаа да пристигнуваат Русите и Украинците и работите излегоа од контрола.

dobivaj vesti na viber

Од почетокот на војната во февруари 2022 година, познатото одморалиште во Индонезија стана магнет за Русите и Украинците кои сакаа да избегаат од пеколот на војната.

Но, оние што избегаа од војната или мобилизацијата, почнаа да прават пекол во рајот. Минатиот викенд властите на Бали ги повикаа индонезиските власти да ја прекинат политиката за издавање визи на граѓаните на Русија и Украина по пристигнувањето во земјата. Како што се наведува, причината за тоа се бројните инциденти кои вклучуваат „грдо однесување“ и различни примери на прекршување на визниот режим, како што е престојот во таа земја подолго од пропишаниот рок со визата, па дури и незаконската работа, во која тие најчесто се вработуваат како неовластени туристи, водичи, таксисти и фризери.

Многу Украинци на Бали беа шокирани од оваа објава, тврдејќи дека во повеќето инциденти учествувале Руси и дека неправедно биле обвинети.

Туристите на Бали често ги полнат колумните во весниците со инциденти на пијанство и несоодветно однесување, како и со голотија и непочитување на светите места.

Си-Ен-Ен побара коментар од Амбасадата на Русија во Индонезија и Конзулатот на Украина на Бали. Руската амбасада не одговори, додека украинскиот конзулат соопшти дека мнозинството од нивните граѓани на тој остров се жени и деца кои „не ги кршат правилата и законите“.

Она што го прави Бали особено привлечен за туристите од повеќе од 80 земји, е тоа што визата се добива при влез во земјата. Визата важи 30 дена, но можно е да се продолжи на 60.

Можете да прочитате

Украина, Блискиот Исток и проширувањето на ЕУ меѓу темите на заседанието на ГАК

Украинското гранатирање уби четири лица од едно семејство во руската област Белгород, објави гувернерот на регионот

Две лица загинаа по украински напад во Белгород, потврди Москва