Утрински Весник
Спорт

Русите и Белорусите нема да трчаат во Бостон

Русите и Белорусите нема да трчаат во Бостон

Граѓаните на Русија и Белорусија следната година нема да можат да учествуваат на 127. Бостонски маратон, пренесува ТАСС повикувајќи се на прес-службата на познатото натпреварување.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се наведува дека на маратонот ќе можат да учествуваат Руси и Белоруси кои моментално не се постојани жители на споменатите земји, но нема да можат да се натпреваруваат под знамето на ниту една од тие земји.

Се наведува дека за прв пат на маратонот ќе можат да учествуваат лица кои се дефинираат како небинарни личности (сеопфатна категорија за родови идентитети кои не се исклучиво машки или женски).

Бостонскиот маратон ќе се одржи на 17 април.

Можете да прочитате

МИ2026: Рустемовски со нокаут избори полуфинале

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен