Утрински Весник
Свет

Директор на руска фабрика за авиони пренесувал тајни информации на Украина

Директор на руска фабрика за авиони пренесувал тајни информации на Украина

Русија уапсила еден од менаџерите на фабриката за авиони, под сомнение дека и предал тајни воени информации на Украина, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на федералната служба за безбедност ФСБ.

dobivaj vesti na viber

Висок функционер на една од руските одбранбени компании е осомничен дека доставувал доверливи информации на Украина, објави ФСБ.

Додека бил на позицијата директор за квалитет на фабрика за авиони, имајќи пристап до техничката документација означена како „строго доверлива“, жител на Подмосковската област со својот мобилен телефон фотографирал фрагменти од нацрти на делови од воени авиони.

Според извештаите, осомничениот ги испратил овие слики на државјанин на Украина, кој е вработен во една украинска авиокомпанија во Одеса.

Во соопштението се додава дека осомничениот е уапсен и дека против него е покренат предмет за велепредавство, кривично дело за кое му се заканува можна казна затвор од 20 години,пренесе Политика.рс.

Можете да прочитате

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

Администрацијата на Трамп намалува уште 450 милиони долари од финансирањето на Харвард

Подољак: Зеленски нема да се сретне со никој друг во Истанбул, освен со Путин