
10 лица загинаа во руски напад врз товарен брод што превезувал жито во близина на Одеса. Бродот пловел под знамето на Гвинеја-Бисао и бил погоден со ракети, соопшти Украинската управа за морски пристаништа. Украинските власти го сметаат нападот врз цивилен брод за воено злосторство, пишува Украинска правда .
Украинската управа за морски пристаништа објави детали за последиците од нападот. „Пребарувањето и спасувањето траеја цела ноќ, а пожарот на бродот беше ставен под контрола. Осум членови на екипажот беа спасени и транспортирани на брегот.
„За жал, десет лица загинаа, вклучувајќи го и пилотот од Управата за украински морски пристаништа“, се вели во нивното соопштение на социјалните мрежи.
Погодениот брод исплови од украинското пристаниште на 19 јули со товар пченка. Екипажот се состоел од 17 државјани на Сирија и Индија. Заедно со нив, бил и украински пилот од филијалата на Управата за морски пристаништа, Делта-Пилот, кој бил меѓу загинатите.



