
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира на 19, 20 и 21 август, а системот за електронско пријавувње веќе е отворен каде идните студенти ќе можат електронски да ги поднесат своите пријави за запишување.
Според конкурсот, годинава на Универзитетот се предвидени 3.341 слободно место, од кои 1.629 се во државна квота, 972 места се за студенти со кофинансирање, а 735 места се за вонредни студенти.
Во првиот уписен рок роковите се следните:
Пријавување на кандидатите: 19, 20 и 21 август
Објавување прелиминарни резултати: 26 август
Приговори: 27 август
Објавување конечни решенија за прием: 31 август
Запишување на примените кандидати: 1, 2 и 3 септември.
Според конкурсот, бројот на вкупно слободни места по факултети е:
Правен факултет – 240
Економски факултет – 270
Факултет за образовни науки – 105
Филмска академија – 45
Музичка академија – 111
Ликовна академија – 15
Факултет за информатика – 470
Земјоделски факултет – 170
Факултет за природни и технички науки – 200
Машински факултет – 60
Факултет за медицински науки – 720
Филолошки факултет – 310
Факултет за туризам и бизнис логистика – 460
Електротехнички факултет – 80
Технолошко-технички факултет – 85.
Електронско пријавување
Пријавувањето веќе може да се врши онлајн преку системот https://eupisi.ugd.edu.mk, каде кандидатите ја пополнуваат електронската пријава, ги внесуваат податоците од средното образование и ги плаќаат трошоците за пријавување. По поднесувањето на електронската апликација, документите треба да се достават до соодветниот студиски центар (Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци или Гевгелија), согласно термините објавени на веб-страницата на Универзитетот. Примените кандидати потоа се запишуваат електронски преку истиот систем.
Најдобрите кандидати се ослободени од партиципација
Универзитетот и годинава предвидува ослободување од плаќање партиципација за најуспешните кандидати кои ќе се запишат во првиот уписен рок, како редовни студенти во државна квота и со најмалку 80 поени.
Ослободување ќе добијат:
Факултет за медицински науки – 20 студенти (10 Општа медицина, 5 Фармација и 5 Дентална медицина);
Факултет за информатика – 10 студенти;
Земјоделски факултет – 10 студенти;
Факултет за природни и технички науки – 10 студенти;
Економски факултет – 10 студенти;
Правен факултет – 10 студенти;
Факултет за туризам и бизнис логистика – 10 студенти;
Електротехнички факултет – 5 студенти;
Машински факултет – 5 студенти;
Технолошко-технички факултет – 5 студенти;
Факултет за образовни науки – 5 студенти;
Музичка академија – 5 студенти;
Ликовна академија – 2 студенти;
Филмска академија – 2 студенти.
Дополнително, на Филолошкиот факултет сите студенти запишани на студиската програма Македонски јазик и книжевност се ослободуваат од партиципација, додека за останатите јазични насоки ослободување добиваат најдобрите рангирани кандидати според конкурсот.
Целосниот конкурс, сите услови за запишување, потребната документација, критериумите за рангирање и информациите за студиските програми се достапни на веб-страницата на Универзитетот https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/ .


