Утрински Весник
Свет

Русија осуди издавач на весник на осум години затвор поради „ширење лажни иформации“

Dd 11.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Судот во Сибир денеска осуди издавач на весник на осум години затвор поради објавување текстови за руските напади врз цивили во Украина.

Судот во градот Горно-Алтајск го осуди Сергеј Михајлов, новинар и издавач на локалниот весник „Листок“, за „ширење лажни информации“ за руската армија.

Михаилов беше уапсен во април 2022 година поради објави на профилите на „Листок“ на социјалните мрежи и написи на веб-страницата на весникот за руските напади врз цивили во Украина.

Руската независна новинска агенција „Медуза“ објави дека Михаилов пред судот истакнал дека „целта на публикацијата е да се открие вистината“ за војната и „да се заштитат нашите сонародници од софистицираните лаги на руската државна пропаганда“

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија