Утрински Весник
Свет

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

Извозот на руски гас во Европската унија годинава ќе се намали за 50 милијарди кубни метри – што е една третина од вкупниот минатогодишен извоз на руски гас во ЕУ, објави рускиот вицепремиер Александар Новак.

dobivaj vesti na viber

Минатата година Русија извезла околу 150 милијарди кубни метри гас во ЕУ.

Испораките на руската енергија за Европа значително се намалија оваа година поради затворањето и западните санкции против Русија поради војната во Украина.

Претходно Русија испорачуваше околу 40 отсто од гасот на ЕУ, а тој удел сега падна на 9 отсто.

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната