Утрински Весник
Спорт

Роналдо по Мундијалот се сели во Лос Анџелес

Роналдо по Мундијалот се сели во Лос Анџелес

Кристијано Роналдо ги брои последните денови во Манчестер јунајтед. Сè погласни се најавите дека ќе го напушти „Олд Трафорд“ по завршувањето на Светското првенство.

dobivaj vesti na viber

Роналдо кариерата би можел да ја продолжи во Челси, но американските медиуми тврдат дека тој ќе се пресели во Лос Анџелес. Прашање е само дали ќе ја прифати понудата на ЛА Галакси или на ЛА ФЦ. Градскиот дуел на овие ривали во САД е познат како „Ел Трафико“.

Во Галакси, игра неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед Хавиер Чичарито Ернандез и ексфудбалерот на Барселона, Рики Пуиг.

Доколку се одлучи за ЛА ФК, таму би играл со Карлос Вела, поранешниот соиграч од Реал Герет Бејл, ветеранот Џорџо Киелини и Кристијан Тељо.

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ